„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Пресудата е шок за семејството и сол на рана, кај обвинетиот немаше никакво каење, никаква емоција, вели Митровски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
veles-960x566-1

Наместо 18 години затвор, велешанецот Ангелчо Николов, кој ја прегази 11-годишната Магдалена Иванова и ја усмрти, ќе треба да издржи осум години затвор, одлучи скопска Апелација. Второстепените судии му ја намалија казната за десет години. Пресудата на Апелација е донесена по пет месеци од изрекувањето на првостепената бидејќи Николов издржува притвор поради опасност од бегство, кој му беше изречен сѐ до правосилност.

— реклама —

Во врска со ова на социјалните мрежи се огласи адвокатот Јанаки Митровски.

„Не знам како да реагирам на намалената казна за Ангел Николов од 18 на 8 години. И двете казни се во рамки на предвидената казна(е ај да не бидат) но пресудата е шок за семејството и сол на рана.

— реклама —

Образложението е релативно оскудно, Апелација се држи на тоа дека е неосудуван, признал вина и ја забрзал постапката, изразил каење и ветил дека нема да се повтори.

Судот е должен да цени признание на вина но каење е предмет на проценка. На очиглед на сите иако вербално искажано, кај обвинетиот немаше никакво каење, никаква емоција. Неговото ветување дека нема да го повтори делото пак малку што му значи на семејството. Лесна и земја на Магдалена. Пред некој ден загина млад човек чекајќи на пешачки и остави бебе сирак зад него. Сообраќајната култура во Македонија е на нула, возачки се земаат на жими мајка а државата игра улога исклучиво на пенализатор никако на едукатор и затоа сме каде сме. Господ нека ни е на помош“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања