Времето денес ќе биде претежно блачно со повремен слаб локален снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а вдолж Повардарието ќе се засилува. Утринските температури ќе се движат од -6 до -2 степени, а дневните од 1 до 8 степени.
Во Скопје променливо облачно време со температури кои ќе се движат во интервал од -4 до 6 степени.
На првиот ден од Новата година не очекува сончево време со умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец што ќе предизвика пад на температурата на воздухот. Од среда кон крајот на денот се очекува ново наоблачување со локални врнежи од снег, што ќе продолжат и во четврток.