Претрес во Кочани, расчистени 11 тешки кражби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
krazbi

На 19.10.2020 полициски службеници од ОВР Кочани расветлија 11 кривични дела „тешка кражба“, извршени на подрачјето на Кочани, откако по наредба од Основен суд Кочани извршиле претрес во домот на Д.А(19) од Кочани, кој ден претходно бил лишен од слобода заедно со М.К.(23) од Кочани, откако биле затекнати во вршење на кривично дело „тешка кражба“ од репетитор-базна станица на телекомуникациски оператор,.

— реклама —

При извршениот претрес биле пронајдени и одземени 32 предмети кои потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“ од базни станици. Поради основи на сомнение дека се извршители на овие кривични дела, ОВР Кочани против Д.А. и М.К. ќе поднесе соодветна пријава.

Одделението за внатрешни работи Кочани презема засилени мерки и активности за расветлување и на други кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања