„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Претрес во Тетово, пронајдени кокаин и екстази

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (07.07.2021) од 14 часот и 30 минути до 16 часот, со судска наредба, извршиле претрес во домот на Н.А.(32) во тетовско Доброште, каде биле пронајдени кокаин, дигитална вага и МДМА (екстази). Н.А., кој претходно бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово, со соодветен поднесок е изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, кој му определил мерка притвор од 30 дена.

— реклама —

Н.А. се сомничи дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик и вчеравечер (7 јули) тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“ во Скопје за издржување на притворот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања