Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Претреси и апсења на територија на СВР Струмица, пронајдена дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4639

Вчера во 17.30 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода К.М.(26) од село Пирава, валандовско, со престој во Гевгелија и И.Џ.(37) од Гевгелија.

— реклама —

При преглед на патничко возило „ауди“ со валандовски регистарски ознаки, во кое биле затекнати двајцата, биле пронајдени кристална материја, најверојатно амфетамин и дигитална вага. Поради сомнение за поврзаност со нив во вршење на кривичните дела, од слобода бил лишен и А.М.(44) од село Тимјаник, неготинско, со престој во Гевгелија.

— реклама —
— реклама —

Подоцна, со наредба на судија од Основен суд Гевгелија, бил извршен претрес во нивните домови, при што во домот на К.М. била пронајдена кафеава прашкаста материја и луле за користење на марихуана, а во домот на И.Џ. била пронајдена марихуана и предмети со остатоци од марихуана.

— реклама —

Истиот ден во 23.30 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода и С.К.(44) од село Удово, валандовско. Во неговиот дом, со судска наредба, бил извршен претрес и биле пронајдени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Лицата биле задржани во полициските станици во Гевгелија и Валандово, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово документирање против К.М., И.Џ., А.М. и С.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytljvsfk8b6jm7xCIUCF

60 возачи санкционирани поради управување под дејство на алкохол

Македонија | пред 12 часа

media-libraryuvka6lthdrcr0WdsWD9

МВР објасни: Кандидатот не ја поминал административната селекција, затоа не бил повикан на проверка на моторичките способности

Македонија | пред 12 часа

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

15 лица уапсени во едно деноноќие поради безобѕирно возење

Македонија | пред 17 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Вработен во Итна медицинска помош со остар предмет им се заканувал на медицинскиот персонал

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања