Претседател на ловечко друштво од Струмица присвоил над 1,3 милиони денари од сметката на друштвото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Македонија
puska

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Д.Р.(41) од Струмица, поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело „проневера во службата“ по член 354 од КЗ.

— реклама —

Пријавениот, во својство на претседател на ловечко друштво од Струмица, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2024 и 2025 година, од трансакциска сметка на ловечкото друштво на која бил овластен потписник, во повеќе наврати подигнувал поголеми износи на парични средства кои ги присвоил за себе, без соодветна оправданост или сметководствено покритие.

Со таквите дејствија, Д.Р. прибавил за себе противправна имотна корист во вкупен износ од 1.326.787 денари, за кој износ е оштетено ловечкото друштво.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања