Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryq36fs6l2rtj53XL21vC

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, е избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ на 33. годишна сесија на организацијата, што се одржа во Хаг, Холандија.

— реклама —

Според ЛДП, Зајкова ја добила довербата на парламентарните делегации од 57 земји членки на ОБСЕ, а изборот бил спроведен со тајно гласање во конкуренција со кандидати од повеќе држави.

По изборот, Зајкова изјави дека ова претставува значајно меѓународно признание не само за неа, туку и за државата.

— реклама —

„Ова е успех за Македонија и доказ дека можеме рамноправно да се натпреваруваме и да ја заслужиме довербата на меѓународната заедница. Благодарна сум за поддршката од колегите од 57-те земји членки на ОБСЕ и за единството што го покажа македонската делегација“, истакна Зајкова.

— реклама —

Таа додаде дека и во новата функција ќе се залага за унапредување на демократските процеси, парламентарната соработка и развојот на механизми за мирно решавање на конфликтите.

Потпретседателите на Парламентарното собрание на ОБСЕ се избираат со мандат од три години и се дел од највисокото раководство на организацијата, која обединува парламентарци од земјите членки на ОБСЕ.

— реклама —

Од ЛДП оценуваат дека изборот на Зајкова претставува значајно меѓународно признание и придонесува за поголема видливост на Македонија во рамките на парламентарната дипломатија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2bg79bitcebr989lcH7

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот!

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
Screenshot-2024-12-07-at-12.47.55

„Времето на автократите завршува“ – Зајкова и ЛДП со порака по изборите во Србија

Свет | пред 2 седмици

media-library2n3cmkcgrktsfEt9R0h

Зајкова: Борбата за отворени листи не е предавство, туку слобода за граѓаните – нема да бидеме декор во вашите партиски пресметки

Македонија | пред 2 седмици

Monika-Zajkova-potpretsedatelka-na-LDP

„Не ги користете мртвите деца за политички поени, ниту пак живите деца кои сè уште чекаат мир“, вели Моника Зајкова

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања