Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 34 минути -

Македонија
media-library2bg79bitcebr989lcH7

Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка, Моника Зајкова, остро реагираше по трагичниот случај во Богданци, обвинувајќи го владејачкото мнозинство дека со неприфаќањето на предлогот за електронски нараквици за сторителите на семејно насилство пропуштило можност да се спречи уште една трагедија.

— реклама —

Зајкова посочи дека жртвата Билјана претходно пријавувала насилство и смртни закани, а дека и 17-годишна девојка живеела во страв и бегала од насилникот. Таа побара од надлежните институции да објаснат како постапуваат во случаи кога жртвите пријавуваат закани по животот.

— реклама —

Од ЛДП информираат дека во изминатата година двапати поднеле предлог за воведување електронски нараквици за сторителите на семејно насилство. Со оваа мерка би се следело нивното движење, а жртвите и надлежните служби навремено би добивале известување доколку сторителот ја прекрши судската забрана.

„Најстрога казна за злосторниците е задолжителна. Но и таа не е доволна. Казната мора да ги стигне и оние кои можеа да го спречат ова злосторство, но свесно и со умисла одлучија дека глупави изговори се доволни за одбивање на предлогот за електронската нараквица“, изјави Зајкова.

— реклама —

ЛДП бара целосно расчистување на случајот во Богданци, проверка на постапувањето на надлежните институции и утврдување одговорност доколку се констатираат пропусти.

— реклама —

Зајкова порача дека заштитата на жените не смее да остане само на декларативни заложби и повика институциите да преземаат конкретни мерки пред да биде предоцна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-07-at-12.47.55

„Времето на автократите завршува“ – Зајкова и ЛДП со порака по изборите во Србија

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library2n3cmkcgrktsfEt9R0h

Зајкова: Борбата за отворени листи не е предавство, туку слобода за граѓаните – нема да бидеме декор во вашите партиски пресметки

Македонија | пред 1 седмица

Monika-Zajkova-potpretsedatelka-na-LDP

„Не ги користете мртвите деца за политички поени, ниту пак живите деца кои сè уште чекаат мир“, вели Моника Зајкова

Македонија | пред 2 седмици

media-library9989qus6e0i5dIBNm2Q

Зајкова: Губиме време, губиме пари. Само денес губиме 4,2 милиони. Дајте да се затвориме и да направиме национален план за патот до ЕУ

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања