Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на амбасадорката на Исламската Република Пакистан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Foto-4-1

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Исламската Република Пакистан во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Мариам Мадиха Афтаб.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски истакна дека како одговорна членка на меѓународната заедница, Република Северна Македонија им придава значење на односите со сите држави, за доброто на нашите народи, обезбедување и зацврстување на мирот во светот, како и одржлив развој и економски просперитет.

— реклама —

„Дозволете ми, во тој контекст, да ги нагласам интересот и подготвеноста на Република Северна Македонија за натамошно унапредување и за развој на односите и соработката со Исламска Република Пакистан во сите домени од заеднички интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план“, рече претседателот Пендаровски.

— реклама —

Новоименувата амбасадорка Мариам Мадиха Афтаб нагласи дека од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји пред речиси 20 години, Пакистан и Северна Македонија градат срдечни и пријателски односи и споделуваат заеднички вредности и силна посветеност за заеднички придонес кон изградба на мирен и просперитетен свет.

— реклама —

„Пакистан со нетрпение очекува тесна соработка со Северна Македонија за понатамошно зајакнување на нашите билатерални односи во низа области, од економија и трговија до образование, култура и животна средина“, рече амбасадорката Афтаб.

Претседателот Пендаровски на новоименувата амбасадорка на Исламската Република Пакистан, Мариам Мадиха Афтаб ѝ посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања