„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Претседателот Пендаровски, ги прими европските шампиони, ракометарите на РК Вардар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto-1

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими европските шампиони, ракометарите на РК Вардар, коишто по вторпат ја освоија титулата европски првак.

— реклама —

Претседателот Пендаровски изрази задоволство од исклучително големиот успех на ракометарите кој, како што рече, не направи сите горди, како поединци и како држава.

„Би сакал сите вас да ве пофалам за вашето однесување, секој од вас имаше исклучителен настап и на спортскиот терен, и надвор од него, со што ја покажавте вашата голема човечност. Најголемиот дел од вас, не се родени овде, но на многумина коишто се родени овде, им одржавте лекции по патриотизам. Покажавте дека сте врвни спортисти и врвни луѓе, ова второто за мене отсекогаш било поважно од она првото. Ви благодарам за тоа“, рече претседателот Пендаровски.

— реклама —

Претседателот им честиташе на ракометарите и за тоа што не потклекнале на одредени обиди за политизација и комерцијализација на нивниот успех, напротив, како што рече, од почетокот, до крајот на спортскиот поход, покажаа дека не се ничија сопственост, туку дека се дел од клубот, од градот, од државата и од нацијата.

„Оваа држава никогаш нема да заборави што направивте за неа, и кога ќе играте за други држави, за други клубови, оваа држава секогаш ќе биде ваш дом. Овде никогаш нема да бидете третирани како странци, со се што направивте покажавте дека не сте странци, туку наши и дека сите сме едно. Сите во Европа сега говорат не само за клубот, туку и за државата“, рече претседателот Пендаровски.

Голема благодарност за убавите зборови и искажаните пофалби изрази сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко. Клубот не го чувствувам како мој, ова е народен клуб, рече Самсоненко, ветувајќи дека клубот и во иднина упорно ќе се стреми кон поголеми успеси.

Ракометарите во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“, го донесоа европскиот пехар, а на претседателот Пендаровски, како спомен, му дадоа дрес од клубот со број 1, и топка со нивни потписи. Потписот на претседателот Пендаровски, пак, е на топката која тој им ја подари, посакувајќи им натамошен успех на професионален и на личен план.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања