Промени тема
Контакт

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Foto-2-1

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп, кој престојува во посета на Република Северна Македонија.

— реклама —

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција, при што беше оценето дека тие се развиваат во духот на традиционално пријателство и партнерство, преку соработка во сите сфери од заемен интерес и преку реализација на средби на највисоко ниво. На средбата беше изразено очекувањето за натамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете држави, вклучувајќи ја и меѓупарламентарната соработка.

— реклама —
— реклама —

На средбата се разговараше и за актуелните состојби во двете држави, како и за состојбите во регионот, при што беше истакнато дека Северна Македонија и Турција, како сојузници во НАТО, делат исти погледи во однос на зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања