Промени тема
Контакт

Претседателот Пендаровски прими претставници на Македонското лекарско друштво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Foto-3

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Македонското лекарско друштво (МЛД) коешто повеќе од 70 години функционира во нашата држава.

— реклама —

На средбата претставниците на МЛД го информираа претседателот Пендаровски за тековните проекти и планираните активности во насока на подобрување на севкупниот квалитет на здравствените услуги, преку усовршување и развој на македонската медицина и сродните науки.

— реклама —
— реклама —

Претседателот Пендаровски изрази поддршка на континуираната посветеност на Македонското лекарско друштво во воспоставувањето високи етички стандарди и заштита на лекарската професија, со крајна цел унапредување на здравствената нега на граѓаните во Република Северна Македонија. Оддавајќи признание на севкупниот ангажман на лекарите во справувањето со Ковид-19, Претседателот истакна дека пандемијата дополнително ја акцентира исклучително важната улога на здравствениот сектор, притоа нагласувајќи ја неопходноста идните стратегии да бидат градени во согласност со потребите и целите на науката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања