Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Претседателот Пендаровски со сопругата на концерт на музичари од „Илија Николовски - Луј“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-10-09-093329

Во рамки на одбележувањето на Јубилејот – 30 години независна македонска држава, вчеравечер претседателот Стево Пендаровски со сопругата г-а Елизабета Ѓоргиевска присуствуваа на концертот насловен „Музичка вечност“ на кој настапија млади музичари од Музичко - балетскиот училишен центар „Илија Николовски - Луј“ од Скопје.

Концертот е дел од низата културни настани „Слоеви на современоста – 30 години независност низ уметностите“ преку кои се артикулира богатството на современото културно наследство, кое почива на еден континуитет, но добива свои патеки кои се неизоставен дел на нашата современост.

— реклама —

На концертот настапија младите музичари: Виктор Рафајловски, Горјан Стојановски, Ана Смилевска, Светле Васкова, Марио Иванчов, квартетот во состав: Симеон Гошев, Маријана Лазаревиќ, Виктор Манев и Антонио Илиоски, фолклорниот квинтет: Мартина Трајковска, Сандра Димитриевска, Влатко Ѓорѓиев, Стефан Трајковски и Мартина Муневски, како и детскиот хор „Пиколо“ под диригетентската палка на Весна Димчевска, а пијано соработник на концертот беше м-р Билјана Петровска.

— реклама —

Младите музичари се претставија со дела на реномираните македонски композитори Зографски, Прокопиев и Шуплевски, како и со дела на светски познатите композитори Моцарт, Шопен, Пјацола, Коломеец и др. Фолклорниот квинтет се претстави со две изворни фолклорни нумери од Разлошкиот и пределот на Скопска Црна Гора.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања