Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Презентација на нов вид заштитна маска за заштита од Ковид-19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
kovid-nova-maska

Презентација на иновација на нов вид заштитна маска за повеќекратна употреба за заштита од вирусот Ковид-19 ќе се одржи денеска во ЕУ Инфо центарот, во организација на Национална асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (НАИМ), со поддршка од Министерството за здравство.

– Пронаоѓач од НАИМ патентирал целосно нов вид заштитна маска за повеќекратна употреба од која се очекува решавање на проблемот на „одбојност кон употреба на заштина маска" што е и една од главните причини за несузбивање на пандемијата Ковид 19, наведуваат од НАИМ.

— реклама —

Оттаму посочуваат дека при употреба на овој нов вид на заштитна маска, воздухот се вдишува низ платното на заштитната маска, и тоа низ нос, а се издишува низ посебни канали вон внатрешноста на заштитната маска.

— реклама —

– На овој начин корисникот на заштината маска, вдишува секогаш свеж воздух, што не е случај при користењето на постоечките маски, посочуваат од НАИМ.

— реклама —

Авторот на овој проект, смета дека со производството на овој вид на заштитна маска и нејзината широка употреба во светот, во значителна мера ќе се подобри ситуацијата со Ковид-19.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања