Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

При претрес во Скопје пронајден амфетамин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
policija-rotaciona-svetla

Денеска (05.01.2022) од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Скопје - Единица за недозволeна трговија со дрога и оружје лишен е од слобода С.В(42) од Скопје.

— реклама —

Имено, врз основа на издадена наредба од судија на претходна постапка од Кривичен суд Скопје беше извршен претрес во домот на С.В., при што биле пронајдени 13 полиетиленски пакувања со бела грутчеста материја, ќеса со три поголеми пакувања со бела грутчеста материја, едно пакување со поголема грутка бела материја за кои постојат основи на сомневање дека е синтетичка дрога амфетамин, три дигитални ваги и една дробилка, како и пиштол „Црвена застава“ калибар 65 со една рамка и три куршуми.

— реклама —
— реклама —

Лицето е приведено во полициска станица, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за извршени кривични дела по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања