„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Прифатен предлогот за референдум на иницијаторите против новиот закон за учебници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
protest-obrazovanie-5

Двете собраниски комисии – за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија го прифатија предлогот на Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ да се иницира референдум за граѓаните да се изјаснат за Предлог-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование, објави slobodenpecat.mk.

— реклама —

Тоа беше второ поднесување на предлогот во Собранието на групата родители кои не се согласуваат со новиот закон и целосна дигитализација на учебниците од четврто одделение. Првиот пат двете комисии не го прифатија предлогот зашто собраните потписи беа неуредно доставени, односно не беа во согласност со Законот за референдум.

Следно е претседателот на Собранието, Талат Џафери да го прифати предлогот и да може да почнат да ги соберат потребните 10 000 потписи за да се распише рефендум на ниво на целата држава.

— реклама —

Драгана Спасовска, претставничка на Граѓанската иницијатија, за МИА изјави дека очекува Џафери набргу да одговори и потоа тие ќе имаат рок од 30 дена да ги собираат потписите.

– Кога Државната изборна комисија ќе отвори избирачки единици, имаме рок од 30 дена да собереме 10 000 потписи. Потоа нив повторно ќе ги доставиме во Собранието за распишување референдум, рече Спасевска и додаде дека нема сомнеж оти ќе ги соберат 10-те илјади потписи што се потребни за да се организира непосредно изјаснување на граѓаните.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања