Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Пријавени двајца полициски службеници: Во извештај внесле седум контролирани возила, а тие не биле запрени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryjohi0te5esv38xjd81v

Двајца полициски службеници од Радовиш се соочуваат со кривична пријава поради сомнение дека внесувале невистинити податоци во службен извештај за извршени сообраќајни контроли.

— реклама —

Според информациите од МВР, СВР Струмица – ОВР Радовиш поднело кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против Б. Ч. (31) од селото Конче, поради сомнение за „фалсификување службена исправа“, и против Б. Б. (38) од Радовиш, за „соизвршителство“ во истото кривично дело.

— реклама —
— реклама —

На 13 октомври 2026 година, пријавените, кои биле полициски службеници во ОВР Радовиш, наводно изготвиле и приложиле службен извештај со невистинити податоци. Во него навеле дека извршиле контрола на седум возила, иако дел од прикажаните контроли биле внесени за период во кој, според самиот извештај, не постапувале по добиената наредба.

Во приложената табела биле наведени марките и регистарските ознаки на возилата, како и имињата на возачите. Меѓутоа, од дополнителните проверки и разговорите со наведените лица било утврдено дека на тој ден тие не биле запрени и контролирани од полициски службеници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymq4e4hct6a5nf4hS35g

(Видео) Откриен и санкциониран скопјанецот кој со камион истураше градежен шут на зелена површина

Македонија | пред 3 минути

— реклама —
media-libraryv5rp0p9i7q99amaitxz

Дрога, дигитални ваги и пари пронајдени при претрес во дом во Велес

Македонија | пред 1 час

media-librarymoi56gags4e9fDeie1C

Двајца дрвокрадци приведени во прилепско и крушевско, одземени нежигосани дрва

Македонија | пред 1 час

media-library1t41dhskauv96tipxic

Малолетник без возачка дозвола, пијан 19-годишник и возач со забрана меѓу приведените возачи за безобѕирно управување со возило

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања