Цвеќарка во Прилеп за Свети Валентин останала без цвеќе и без 14.500 денари.
Педесет и две годишна сопственичка на цвеќарница во Прилеп, вчера, на Свети Трифун и на Свети Валентин, во прилепската полиција пријавила дека е измамена. Некое лице, телефонски ѝ порачало неколку цветни аранжмани, кои, наводно, ќе бидат платени откако ќе бидат однесени со такси возило на одредена локација во Битола. Лицето дополнително побарало од неа на таксистот да му даде 14.500 денари кои подоцна ќе ѝ бидат вратени. Таа постапила според договореното, но парите не ѝ биле вратени, по што сфатила дека е измамена. Полицијата презема мерки за да се расчисти случајот.