„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Примале плата, а не оделе на работа – ревизорски извештај за Агенција за вработување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
agencija-za-vrabotuvanje

Дел од вработените во Агенцијата за вработување добивале повисоки платги од оние што законски им следувале, а дел пониски, покажува Ревизорскиот извештај за оваа институција направен за 2017, за која како одговорни се наведени и екс директорот Влатко Поповски, кој директоруваше до август таа година, и сегашната Билјана Јовановска која после него ја презеде директорската палка, објави Телевизија Телма.

— реклама —

За вработените кои имаат работен стаж над 40 години, минатиот труд се пресметува по стапки повисоки од законски определените 20 отсто, поради што на овие вработен и неосновано им се исплатувале парични средства во поголем износ. Постојат вработени кај кои при пресметка на платата се користени бодови за степенот на образование кои не соодветствуваат со законски пропишаните. Најчесто се применуваат пониски бодови, што создава нееднаква положба меѓу вработените, се вели во Извештајот на државниот завод за ревизија.

За плати и надоместоци на вработените во Агенцијата се исплатени над 3 милиони евра, што е 72 отсто од расходите на Агенцијата.

— реклама —

Двајца вработени уште во 2016 биле примени на определено време, а со анекс договорите продолжиле и во 2017, но тие само примале плата, а ниту доаѓале на работа, ниту ги извршувале работните задачи. Откако ги разоткриле, почнале да доаѓаат, но на крајот на 2017 им истекол работниот однос.

Во 2017 и првиот месец од 2018 биле исплатерни 34 илјади евра од Агенцијата како додаток на плата за зголемени работни задачи. Ревизорите реагираат дека тоа не е во согласност со законите.

Вработените во Агенцијата, вклучително и оние од нејзините центри за вработување, биле опуштени и со службените возила.

Дел од возилата се користат од страна на лица кои не се задолжени со истите и не поседуваат акт за одобрување лимит за набавка на гориво. За дел од возилата, обезбедени се безготовински картички за набавка на гориво, без да биде изготвен акт од страна на одговорното лице, со кој ќе се определи дозволениот лимит, се наведува во ревизорскиот извештај.

Лимитите значајно се надминувале, што е кршење на неколку закони, смета ревизијата, и бара во иднина да се исправат овие пропусти.

ДЗР реагира и зошто значајна сума од Агенцијата се одлеала за 14 вработени кои биле прераспределени во за нив оддалечени центри за вработување. Тие тужеле, по што добиле на суд, па АВРМ треба да им плати вкупно 38 илјади евра и за надомест на трошоците за превоз и за судски трошоци.

Со 13 лица биле склучени договори на дело, за период од еден до 11 месеци, а лицата поединечно добиле од 14 до 40 илјади денари. Прво, велат ревизорите, тоа не е во согласност со Законот за работни односи, а воро, за дел од договорите за услугите, не биле презентирани докази за сработеното.

Биле спроведувани и јавни набавки за стоки, без да бидат спроведени соодветните постапки, откриле ревизорите.

За програмата на Агенцијата за активни мерки за вработување се препорачува да се продлабочи соработката со УНДП, да се зголеми отчетѕноста и транспарентноста во трошењето на буџетските средства, и целосно да се почитуваат законите и склучените договори.

Извор: Телевизија Телма

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања