ВО ЖИВО

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Принцот Ендру обвинет за сексуален напад, кралицата му ги одзема сите титули

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
1024px-the_duke_of_york-696x464-1

Британската кралица Елизабета му ги одзеде сите кралски и воени титули на својот син, принцот Ендру поради тужбата што против него ја поднесе Вирџинија Џуфре, жена која тврди дека сексуално ја злоставувал кога била малолетна, пишува Би-Би-Си.

— реклама —

Неговите должности ќе бидат распределени меѓу членовите на кралското семејство, а војводата од Јорк повеќе нема да презема никакви јавни должности и во овој случај ќе се брани како приватен граѓанин, се вели во официјалното соопштение од Бакингемската палата.

— реклама —

Да потсетиме, правниот тим на британскиот принц Ендру денеска извести дека тој нема да коментира по неуспехот на неговите адвокати да го убедат американскиот судија да ја отфрли тужбата на Вирџинија Џуфре.

— реклама —

Во пресудата објавена во средата, американскиот окружен судија Луис Каплан рече дека Џуфре (38) може да поднесе обвинение врз основа на наводите дека Ендру ја тепал и намерно ја вознемирувал додека покојниот финансиер Џефри Епштајн ја наведувал.

66-годишниот принц, вториот син на кралицата Елизабета, ги отфрли обвинувањата дека Џуфр ја принудувал на секс пред повеќе од 20 години во резиденцијата во Лондон на поранешната соработничка на Епштајн, Гислајн Максвел, и негира дека ја злоставувал на две други локации во сопственост на Епштајн.

Одлуката на судијата значи дека Ендрју би можел да биде принуден да презентира докази на судењето кое би можело да започне помеѓу септември и декември оваа година, доколку не се постигне спогодба.

Принцот мораше да поднесе оставка од своите јавни должности во 2019 година поради неговите врски со Епштајн и по катастрофалното интервју за Би-Би-Си, за кое се надеваше дека ќе ја отстрани дамката од неговото име, но наместо тоа предизвика потсмев и бројни подпрашања.

Бакингемската палата вчера соопшти дека нема да коментира за тековните правни прашања, а денеска објави одлука за одземање на сите титули.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања