Промени тема
Контакт

Пристигна уште една донација од 100.000 вакцини „Синофарм“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
vakcini-kineski-8

Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје денеска пристигна донација од уште 100.000 вакцини од „Синофарм“ од Народна Република Кина. На приемот на донацијата присуствуваа министрите за здравство и за одбрана, Венко Филипче и Радмила Шекеринска, како и кинескиот амбасадор Џанг Ѕу.

-Ова е значајна количина вакцини која за бројот на население како нашето значително може да ја смени епидемиолошката слика. Со донацијата се потврдува партнерството меѓу двете земји. Се надевам дека соработката ќе продолжи, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

— реклама —

Тој нагласи дека имунизацијата во земјава ќе продолжи по приоритет, согласно возраста на граѓаните. – Вакцинацијата е единственото оружје, повтори Филипче.

Министерката Шекеринска рече дека помошта доаѓа во вистинско време.

Кинескиот амбасадор Џанг Ѕу рече дека ова е уште една конкретна акција за помош на македонските граѓани и демонстрирање на духот на пријателство.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања