„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Пристигнаа 8000 пара чевли-МВР: Продолжува опремувањето на полицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
MVR-cevli

Деновиве, во магацинот на МВР пристигнаа 8.000 пара чевли со тенок ѓон од италијанскиот производите „Гриспорт“, фабрика што инаку ги снабдува и полициите на повеќе земји од ЕУ. Вкупната вредност на набавката на чевлите со тенок ѓон изнесува 25.520.000 денари без ДДВ. Во насока на реализација на стратешките активности за континуирано подобрување на материјално-техничките услови за работа на полициските служби, Министерството за внатрешни работи постојано набавува униформи и друга опрема за полициските службеници, информираат од оваа институција.

— реклама —

Додаваат дека Министерството за внатрешни работи преку италијанскиот „Гриспорт“ реализира набавка и на 10.000 пара чевли со дебел ѓон, а вкупната вредност на набавката изнесува 37.000.000 денари без ДДВ, како и 10.000 пара полувисоки чевли, набавени преку производителот „Дермал“ од БиХ, со вкупна вредност на набавката од 42.800.000 денари без ДДВ. Испораката на оваа опрема се очекува да биде реализирана во наредниот период. Наскоро се очекува испораката и на 2330 флуоросцентни елеци, 8000 маици, 8000 виндјакни, 20000 кошули.

МВР потсетува дека нови униформи пред неколку месеци добија Единицата за брзо распоредување, Единицата за обука и поддршка и Интервентната полиција, а во изминатиот период беа обезбедени пловни објекти и мотоциклистичка опрема за полицијата.

— реклама —

„Министерството за внатрешни работи продолжува со континуираните набавки на униформи и опрема за полициските службеници и во наредниот период, а продолжуваме и со реконструкција односно реновирање на полициските станици, за да се овозможат подобри услови за работа. Досега се реновирани 56 енергетски ефикасни објекти, а деновиве ќе бидат промовирани реновираните објекти во општина Ранковце и Старо Нагоричане“, потенцираат од министерството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања