„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Пристина најсовремената терапија за лекување на пациенти со Ковид-19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
w_56102301

Министерството за здравство информира дека денеска пристигна најсовремениот метод на терапија за пациенти заболени со вирусот Ковид 19, моноклонална „коктел терапија“ со антитела од лековите “CASIRIVIMAB и IMDEVIMAB”, одобрена за употреба од Европската агенција за лекови (ЕМА).

— реклама —

Министерството за здравство по бројни преговори успеа да се приклучи кон Заеднички Договор за Рамковна спогодба на кој ексклузивно право имаат земјите-членки на Европската унија, за приоритетна достапност на моноклоналната „коктел терапија“. Рамковната Спогодба со производителот „Hoffman-La Roche, Ltd (Roche)“ – Швајцарија, ја склучија 19 земји членки на ЕУ, нашата држава и Норвешка. Во рамките на Проектот за итно справување со кризата предизвикана од вирусот Ковид 19, реализиран од страна на Светска банка, обезбедени се средства за оваа набавка. Примената на методот на лекување за нашите пациенти, со оваа терапија во моментов не прави единствена земја на Западен Балкан за чии граѓани е достапен овој лек. Терапијата се набавува за потребите на ЈЗУ Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби и ќе се аплицира кај не-хоспитализирани пациенти кои се лекуваат од Ковид 19. Со ова се очекува да се намали потребата од хоспитализација на пациенти, соопштија од Министерството за здравство.

Казиривимаб и Имдевимаб (порано познат како REGN-COV2 или REGEN-COV2) е коктел од две моноклонални антитела и се дизајнирани специјално за да ја блокираат инфективноста од „SARS-CoV-2,“ вирусот што го предизвикува заболувањето со Ковид 19.

— реклама —

Денеска Министреството за здравство информира дека се регистрирани 26 нови случаи на ковид-19, а нема починати пациенти. Активни се 225 случаи.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.866, бројката на оздравени пациенти е 150.154, на починати е 5.487.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 440.299 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.401 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.821 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 700.193 дози вакцини, а ревакцинирани се 259.894 граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања