Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Притисоци за местење на тендерот за реагенси вреден 35 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
bolnica-123

Министерство за здравство, тендерот за реагенси од 35 милиони евра кој не успеа да го спроведе сега се обидува да го реализира на поинаков начин, разделен на повеќе делови по болници. Но, луѓе кои се претставуваат како испратени од Министерството за здравство, вршат притисоци врз директори на болници во сите градови во земјава да го спроведат овој ист тендер но сега на барање на директоите, со нивен потпис и на нивна одговорност да побараат одредена марка апарати за биохемија, дознава „Скопје1.мк“

— реклама —

Голем дел од директорите се револтирани и одбиле да спроведат ваква нарачка потенцирајќи дека не сакаат да учествуваат во наместени тендери. По лекарските кругови се шпекулира дека токму одредени смени кои се најавени или се најавуваат се поради одбивање да се спроведе овој тендер кој повторно е во милиони евра, но сега разделен на повеќе делови односно помали зделки.

Врз директорите на болници се вршел притисок да побараат на услуга АБОТ апарати за биохемија, со што после тоа на тендерите за реагенси ќе може само една фирма да ги понуди, а со тоа да си обезбеди милионски бизнис, дознава „Скопје1.мк.

— реклама —

Дел од директорите најавуваат дека ќе излезат со информации во јавноста за пристисоците, без разлика дали ќе бидат сменети од позициите или не. Минатата година, фирмата „АХР ЛАБ увоз – извоз ДООЕЛ“, беше единствен апликант за тендерот за набавка на апарати и реагенси за лабораториите за испитување на крв во Јавните здравствени установи низ цела Македонија и единствена која конкурираше на тендерот од Министерството за здравство во висина од 35 милиони евра, но подоцна тендерот беше поништен.

Фирмата беше регистрирана пред само четири месеци пред да се објави тендерот и нема никакво искуство во оваа област. Управителот Александар Јовановски – Жути кажа дека неправедно неговото име било предмет на шпекулации бидејќи неговата компанија не била директен понудувач на тендерот, туку подизведувач на германската компанија „АБОТ“.

Тој тврдеше дека АБОТ е субјектот кој ја ангажирал компанијата „АХР ЛАБ“ во која како управител се јавува Јовановски и ги отфрли сите пишувања на медиумите за неговите пријателски односи со министерот Венко Филипче. „Со министерот за здравство имам професионално-деловен однос, бидејќи сме дел од работењето во здравствениот сектор. Немам никакви лични или бизнис зделки, изјави за медиумите по пропаѓањето на 35 милионскиот тендер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања