Кандидатот за претседател, Максим Димитриевски, се пожали дека притисоците кои ги трпи се интезивираат. Тој добил покана да се јави во Обвинителство на 15-ти месецов поради пријава дека не извршил судска одлука.
„Притисоците не престануваат туку како и што очекував се интензивираат. Ваквите постапки не ме обесхрабруваат туку дополнително ме мотивираат да го демонтираме овој режимски систем. Ќе има и правда а ќе има и мир а непристрасните професионалци ќе добијат шанса да изградат и правен и функционален државен систем“, вели Димитриевски.