Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Притисок врз Бугарија да ја тргне блокадата кон Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

„Северна Македонија е кандидат за пример и сакам јасно да порачам за време на португалското претседателство брзо да се финализираат преговарачките рамки за првата меѓувладина конференција. Со секое нејзино одложување сите ќе бидеме губитници“, порача австриската министерка за Европа и устав, Каролине Едштадлер, на прес-конференцијата во Виена по разговорите со македонски вицепремиер Никола Димитров. Едштадлер вели дека нема разбирање за блокадата на Бугарија и апелираше отпорот да заврши. Таа информираше дека било понудено од нивна страна македонско-бугарските разговори да продолжат во Виена, како неутрално место, објави dw.com.

— реклама —

„Досега оваа понуда не беше прифатена, но сакам јасно да кажам дека настанува вакуум ако оваа перспектива на пристапување не ја претвориме во дела и тој ќе биде пополнет со други земји што сакаат да извршат влијанија, како Кина, Русија“, рече Едшадлер.

На средбата е потврдена поддршката од австриска страна, но и личната заложба на министерката Едштадлер за отпочнување на преговорите за членство на Северна Македонија во Унијата. Едшадлер посочи дека С. Македонија го смени и името за да постигне вистински чекори кон Европа, потсетувајќи дека под германското претседателство се вложија огромни напори за да се реши бугарската блокада, но тоа не успеа.

— реклама —

И вицепремиерот Димитров се согласува дека С. Македонија мора неодложно да ја добие долгоочекуваната и заслужена валидација преку одобрување на преговарачката рамка и одржување на меѓувладината конференција.

„Потребни се одлучни чекори за да се врати силата на европската визија во регионот. Придвижувањето на евроинтегративниот процес ќе значи зголемена доверба, влијание и предвидливост на европската перспектива согласно австриската позиција дека нема друга алтернатива за процесот на проширување со Западниот Балкан, а ќе внесе позитивна динамика и нова енергија неопходна за унапредување на имиџот на ЕУ како стратешки актер“, истакна Димитров.

Текстот во целост на: dw.com.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања