Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Притвор од 30 дена за екс директор на УБК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
direktor-ubk-777x437

Вчера пo наредба од судија на претходна постапка за организиран криминал беше уапсен Владимир Атанасовски, поранешниот директор на УБК, на кого му е одреден триесетдневен притвор.

— реклама —

Тој беше изнесен пред суд на распит, поради сведочењето на браќата Стефан и Михаил Младеновски кои го посочија како главен организатор за насилниот упад во Собранието на 27 април и како нарачател на насилства врз припадници на тогашната опозиција.

— реклама —

– Постои основано сомнение  дека лицето сторило кривично дело Здружување заради непријателска дејност од чл. 324 ст.1  од Кривичниот законик. Надлежен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка притвор, соопшти ЈОРМ.

— реклама —

Владимир Атанасовски беше назначен за директор на УБК во септември 2016 година по оставката на Сашо Мијалков. На директорското место во тајната полиција остана до јуни 2017 година, по што беше ангажиран како советник за безбедност на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања