Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Обвинителство бара притвор за Стојна која го узурпираше локалитетот Куклица и наплаќаше влезници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 12 часа -

Македонија
media-libraryhefnttlhl4anbO6TTTG

Судот определи мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово, по предлог на Основното јавно обвинителство Куманово, поради сомнение дека сторила кривични дела спречување службено лице во вршење службено дејствие и узурпација.

Според Обвинителството, осомничената подолг период незаконски го узурпирала локалитетот „Куклица“, кој е прогласен за споменик на природата, при што без правен основ им наплаќала влезници на посетителите, се расправала со нив и им упатувала закани, нарушувајќи го јавниот ред и мир.

— реклама —

При последниот инцидент, како што се наведува, таа физички ги нападнала и ги спречила полициските службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат.

Обвинителството посочува дека против неа веќе се води постапка за продолжено кривично дело узурпација на локалитетот „Куклица“, при што ѝ биле изречени мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за посета на локацијата. Сепак, според обвинителот, таа не ги почитувала донесените мерки.

— реклама —

Дополнително, се наведува дека осомничената и нејзиниот сопруг и претходно биле инволвирани во случај на спречување службени лица при вршење службени дејствија кон пазарни инспектори.

— реклама —

Имајќи ја предвид опасноста од бегство и можноста да продолжи со извршување кривични дела, јавниот обвинител побарал определување притвор, а судот го прифатил предлогот и ја определил мерката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryp34a6q95puntf3E92gM

41-годишната кратовка што наплаќаше влез во локалитетот Куклица приведена по напад на посетители

Македонија | пред 1 ден

media-library7ar87jc9i73006opR3P

По инцидентот во Куклица, УЈП бара одговорност за напаѓачот

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryp34a6q95puntf3E92gM

И покрај судската забрана, жената осомничена за узурпација повторно затекната на „Куклица“

Македонија | пред 3 седмици

media-library7ar87jc9i73006opR3P

„Кој наплаќа влез на заштитениот локалитет и каде завршуваат парите?“, реакции по наводна незаконска наплата за влез на „Куклица“

Коментари | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања