Промени тема
Контакт

По инцидентот во Куклица, УЈП бара одговорност за напаѓачот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library7ar87jc9i73006opR3P

Управата за јавни приходи најостро го осудува физичкиот напад и попречувањето на службените лица при извршување на нивните законски овластувања за време на даночна контрола на локалитетот Куклица.

„Ниту еден службеник не смее да биде изложен на насилство, закани или притисоци додека ја извршува својата законска должност. Нападот врз даночен контролор не е само напад врз вработените во Управата за јавни приходи, туку и напад врз владеењето на правото и врз институциите на државата.

— реклама —

Изразуваме целосна поддршка на нашите колеги кои професионално и совесно ги извршуваат своите работни задачи и очекуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот и да обезбедат соодветна законска одговорност за сторителот.

Управата за јавни приходи останува цврсто определена да ги спроведува законите еднакво кон сите, без отстапки и без страв. Насилството никогаш нема да биде причина институциите да се повлечат од својата законска обврска.

Воедно, апелираме до сите даночни обврзници и граѓани да соработуваат со службените лица и да придонесат за создавање средина во која законите се почитуваат, а институциите можат непречено да ја извршуваат својата функција во интерес на сите граѓани.

— реклама —

Не смееме да дозволиме насилството да стане средство за избегнување на законските обврски. Нападот врз службени лица мора да добие јасен и недвосмислен институционален одговор“, велат од УЈП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryhefnttlhl4anbO6TTTG

Обвинителство бара притвор за Стојна која го узурпираше локалитетот Куклица и наплаќаше влезници

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryp34a6q95puntf3E92gM

41-годишната кратовка што наплаќаше влез во локалитетот Куклица приведена по напад на посетители

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryp34a6q95puntf3E92gM

И покрај судската забрана, жената осомничена за узурпација повторно затекната на „Куклица“

Македонија | пред 1 месец

media-library7ar87jc9i73006opR3P

„Кој наплаќа влез на заштитениот локалитет и каде завршуваат парите?“, реакции по наводна незаконска наплата за влез на „Куклица“

Коментари | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања