Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Притвор за директорот на Агенцијата за финансиска поддршка Илија Стоилев и уште три лица – петтата осомничена во куќен притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryj1oobhttss730S9QXJV

Кривичниот суд – Скопје го прифати предлогот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и одреди мерка притвор од 30 дена за директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Илија Стоилев, и уште три лица осомничени во случајот за поткуп поврзан со програмата ИПАРД. Петтата осомничена е ставена во куќен притвор.

Судија на претходна постапка, по произнесување на петтемина осомничени кои попладнево беа спроведени во судот, донесе решенија со кои за Џ.Н., А.Ф., Ф.Ф. и И.С. го прифати предлогот на ОЈО ГОКК и на сите четворица им определи мерка притвор од 30 дена заради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото. За петтоосомничената Ј.К. судот го прифати променетиот предлог на јавниот обвинител и ѝ определи мерка куќен притвор,“ соопштија од Судот.

— реклама —

Притворот следува по акцијата на ОЈО ГОКК и МВР, во која беа уапсени пет лица, меѓу кои и Стоилев. Според Обвинителството, постои основано сомнение дека управител на приватно правно лице му понудил поткуп од 50.000 евра на директорот на Агенцијата, за да потпише договор за користење финансиски средства иако фирмата не ги исполнувала условите од јавниот повик бр. 01/24 за ИПАРД мерка 3.

Во акцијата биле уапсени и даночен референт од УЈП, како и државен службеник од Министерството за земјоделство, кои се сомничат дека посредувале во поткупот. При претресот биле пронајдени и одземени 400 евра, дел од ветениот поткуп.

— реклама —

Иако правното лице на првоосомничениот не ги исполнувало условите од јавниот повик, директорот, по ветување за подарок во износ од 50.000 евра, го потпишал договорот и примил дел од средствата,“ соопштија од Обвинителството.

Портпаролот на МВР, Гоце Андреевски, потврди дека постои основано сомнение за повеќе кривични дела – давање поткуп, давање награда за противзаконито влијание, примање награда и примање поткуп.

Премиерот Христијан Мицкоски ја поздрави акцијата, нагласувајќи дека Владата нема да толерира вакво однесување.
Јас во неколку наврати сум кажал дека таков тип на девијантно однесување нема да се толерира. Откако имаше дојави, се случи акцијата. Од овој момент случајот е во рацете на Обвинителството и судовите,“ изјави премиерот.

Директорот Илија Стоилев, кој неодамна во интервју за ТВ24 уверуваше дека „врски фаќање нема“ и дека постапките во Агенцијата се целосно контролирани, сега се наоѓа зад решетки.

Во минатото Стоилев бил претседател на Советот на Општина Свети Николе во два мандата, директор на Народниот музеј во градот, како и раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9ir48mipd1e645jzUSp

Фатен педофил вработен во училиште во Гостивар: намамил, ја уценувал и објавил експлицитни материјали од 14-годишно девојче

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
krazba

Со тесла упаднал во маркет, украл 52.900 денари, па се обидел повторно: уапсен косовски државјанин

Македонија | пред 1 седмица

media-library74m17ss756e5aP4YzoF

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад на гробишта во Бутел

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryde70q4td32141LUzO8V

Даночна шема тежи стотици милиони: во шемата се и вработени во УЈП, а обвинети се 10 лица

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања