ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Притвор за двајца осомничени кои неовластено држеле оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
1-1-1200x1200

Основното јавно обвинителство Струга поведе истражна постапка против 55-годишен жител на с. Трапчин Дол, кичевско и 42-годишен жител на с. Франгово, струшко, бидејќи постои основано сомневање дека секој од нив го сторил кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

На 11 мај 2021 година, во Струга и Дебарца, обвинетите неовластено држеле поголемо количество на огнено оружје и муниција која на граѓаните им е забранета. Едниот од нив во платнена сина торба ставил полуавтоматско кусо огнено оружје пиштол марка Heckler & Koch USP Compact со калибар 9 мм и една хартиена паковка сo муниција за огнено оружје 50 куршуми кал. 9 ммПара наменета за испалување од огнено оружје – полуавтоматски пиштол и автоматско огнено оружје. Тој оружјето го пренел од Кичево до Дебарца, каде на бензинската станица кај с. Ново Село торбата со оружјето ја предал на вториот осомничен кој ја зел со себе и со возило “Мерцедес’ се упатил кон Струга. Набргу бил запрен од страна на полициски службеници.

По донесување на Наредбата за спроведување истражна постапка против двајцата осомничени, струшкото обвинителство до надлежниот суд достави предлог за да се определи притвор по член 165 став 1 точки 1 и 2 од Законот за кривичната постапка, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека доколку се на слобода може да се дадат во бегство и да ја попречуваат кривичната постапка со влијание меѓусебе и врз сведоците. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Струга го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничените им определи притвор во траење од по 30 дена.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања