Промени тема
Контакт

Притвор за лице кое неовластено произведувало и пуштилo во промет наркотични дроги

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека извршило кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. Покрај донесената Наредба за спроведување на истражна постапка, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за определување на мерката притвор против осомничениот.

— реклама —
— реклама —

Сторителот неовластено набавил дрога марихуана и ја држел во својот дом во скопската населба Бутел со намера за понатамошна продажба и стекнување на противправна имотна корист. Врз основа на судска наредба на 4 јануари годинава, во домот на осомничениот е извршен претрес при што е пронајдена поголема количина дрога спакувана во одделни пакувања, како и опрема за мерење – дигитални ваги со остатоци од растителната материја. По наредба на дежурниот јавен обвинител извршена е анализа и вештачење на растителната материја и утврдено е дека станува збор за наркотична дрога – марихуана, со вкупна тежина од 295,3 килограми.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања