ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Притвор за лицето кое од вратот на оштетените кинел и одземал накитот, па се обидел да бега скокајќи во Вардар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

policajka

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице, 44-годишен жител на Скопје , за сторено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот на 25 мај и на 5 јули извршил две тешки  кражби на дрзок начин, одземајќи накит од сега оштетените, додека тие се движеле по улица. Откако  ќе ги забележал жртвите, започнувал со следење се додека не се увери дека во нивна близина  нема други лица. Во тој момент осомничениот се доближувал и од вратот на оштетените  го кинел и одземал накитот  -  златни ланчиња. Во вршењето на кривичното дело на 25 мај учествувало уште едно, засега непознато лице.

По втората тешка кражба извршена  околу 17.30 часот, осомничениот бил забележан од случајни минувачи, започнал да бега по што навлегол во водите на реката Вардар, но бил престигнат и совладан од страна на полициски службеник.

— реклама —

Основното јавно обвинителство Скопје ценеше дека се исполнети законските основи, па до надлежниот суд достави предлог на осомничениот да му се определи мерка притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања