Притвор за мажот кој прегази мопедист во Трубарево – возел пијан, а удрил и дете

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
pijan

Судот определи 30-дневен притвор за 72-годишниот возач, кој вчера усмрти мопедист во Трубарево, а потоа повредил и 9-годишно дете.

— реклама —

Според информациите од Обвинителството во крвта на возачот била измерена содржина на алкохол од 1,78 промили и 2,43 промили во урината.

Возејќи брзо изгубил контрола и со десните тркала излегол десно надвор од коловозот. Се качил на тротоарот, а со предниот дел од возилото кое го управувал удрил во мопедистот Идриз Ќеримовски.

— реклама —

Од ударот, мопиедистот паднал на коловозот, се здобил со тешки телесни повреди на кои им подлегнал на самото место и починал, велат од Обвинителството.

Возачот не застанал тука, туку продолжил со автомобилот да се движи во десно излегувајќи надвор од коловозот. Се качил на тротоарот и платото пред „Маркет Бренд“, каде со предниот дел од возилото удрил во автобуското стојалиште на ЈСП Скопје и во телото на 9-годишното дете кое стоело на автобуската станица.

Од ударот, детето се задобило со тешки телесни повреди.

Потоа, пијаниот возач продолжил да се движи по тротоарот каде удрил и соборил дрвена бандера, по што со возилото излегол лево надвор од коловозот каде што автомобилот запрел, информираат од Обвинителството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања