Притвор за шест лица, расчистено убиството во Прилеп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
policija-123

Надворешната канцеларија за криминалистички работи- ОВР Прилеп на 15.10.2020 поднесе кривична пријава против Ш.А. (35), М.Л. (39), С.К. (20), М.А.(26), Џ.Л.(54), С.А. (23) поради основано сомнение дека сториле кривично дело „убиство“, предвидено и казниво по чл. 123 ст.1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија и кривично дело „тешка телесна повреда“ по чл. 131 од КЗ. На 14.10.2020 околу 20.30 часот на ул. Дебарца во близина на куќата на А.С. најнапред настанала расправија меѓу С.Б. и М.Л. поради навреди упатени од М.Л. кон сопругата на С.Б., по што се приклучиле и Е.Б., брат на С.Б., како и роднините на М.Л. (С.А., М.А., С.А., Д.А.Џ.Л. и С.К.). Притоа со повреди од остар предмет се здобил Е.Б. (31) и бил пренесен во градската болница. Потоа неговиот брат С.Т. ги известил роднините Т.Б., А.Б., Е.Б. и А.Б., по што пред куќата на Џ.Л. настанала физичка пресметка, при што Т.Б. се здобил со повреди на главата, од кои набрзо починал. По преземени мерки од полициски службеници, биле приведени  Ш.А. (35), М.Л. (39), С.К. (20), М.А.(26), Џ.Л.(54), С.А. (23), а судија на претходна постапка им одредил мерка притвор.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања