Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Притвор заради обид за убиство и неовластено поседување оружје​

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
lovecka-puska

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постпка против 24-годишен скопјанец, поради постоење на основано сомнение дека сторил две кривични дела Убиство од член 123 став 1, во врска со член 19 (во обид), казниво по член 123 став 3 од Кривичниот законик и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот на 26 април 2021 година, околу 15:30 часот, во с. Пантелеј, кочанско, свесен за своето дело и сакајќи го неговото извршување се обидел да лиши од живот две лица. По кратка расправија и физичка пресметка со еден од оштетените, обвинетиот земал огнено оружје – пушка ловен карабин која неовластено ја поседувал и се упатил кон оштетениот. Откако бил забележан како се приближува, двајцата оштетени се скриле во викендица на оштетената. Осомничениот тогаш од непосредна близина пукал низ дрвената врата на викедицата на висина од 116 см, при што проектилот не ги погодил оштетените.

Во насока на обезбедување на непречено овдивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања