На 12.02.2022 во 19.45 часот на патот Р-1102 во близина на Неготино, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи – Југ ја привеле А.П.П.(27) од Р.Куба. При вршење на контролна служба во автобус, со скопски регистарски ознаки, кој сообраќал Скопје-Гевгелија полициски службеници кај пријавената констатирале дека во патната исправа и во службената евиденција е внесен печат за одбиен влез од државата, со што сторила прекршок по член 147 став 1 алинеја 1 од Закон за странци, односно незаконски престојувала во државата. Од судијата при Основен суд Неготино е изречена глоба и на лицето му е изготвено Решение за враќање на странец, односно напуштање на територијата на државата.
Приведена жена од Куба: Не ја пуштиле на граница, ама илегално успеала да влезе во Македонија
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 4 години -
Македонија