ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Приведени 11 криминалци во меѓународна истрага во која учествуваше и МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
lisici

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност, во соработка со Европол и Еуроџаст учествуваше во меѓународна истрага, предводена од полициските служби во Германија, а со координирани активности помеѓу полициски служби од Германија, Бугарија, Израел, Латвија, Полска, Шпанија и Шведска.

— реклама —

Криминалните активности се вршеле во повеќе држави во Европа, а се повразни со вршење на измами во вкупна вредност од 30 милиони евра со злоупотреба на онлајн-трејдинг платформи, криптовалути и перење пари , привлекувајќи ги жртвите преку реклами на социјалните медиуми. Шемата за измама, била организирана главно од израелски државјани, вклучувала центри за повици од Бугарија и Република Северна Македонија, а осомничените ги переле нелегалните профити преку банкарски сметки контролирани од компании со седиште во различни земји на ЕУ.

Во текот на истрагата од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика беа преземени мерки и активности со цел идентификација на лица од Република Северна Македонија, кои се дел од криминалните активности и обезбедување на докази.

— реклама —

Во рамки на истрагата лишени од слобода се 11 лица (пет во Бугарија и едно во Израел на денот на акцијата и шест лица претходно во Шпанија), извршени се претреси во Бугарија, Израел, Полска, Северна Македонија и Шведска и запленети се бројни електронски уреди и возила, а банкарските сметки се замрзнати.

Во координација со Основно Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика – Одделение за истраги за компјутерски криминал, како дел од меѓународната координирана активност на 11.05.2021 во 06.00 часот изврши претрес, по добиена судска наредба, во дом и деловни простории на А.А.(34) од с.Чегране,гостиварско, при што биле одземени предмети кои се поврзани со вршењето на криминалните активности, а лицето е обезбедено.

Исто така, од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика – Одделение за истраги за компјутерски криминал, со судски наредби, извршени се претреси на деловни простории на правни лица во Скопје, при што било констатирано дека адресите кои се пријавени во Централен регистар на Република Северна Македонија се лажни и не постојат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања