Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Приведени 13 возачи за безобѕирно возење, шестмина управувале без возачка дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library8bcqe85dfp6j2maoUSO

Според информациите од МВР, во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата биле лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со возило.

— реклама —

Од нив, шестмина управувале возило без возачка дозвола – по двајца биле затекнати во Скопје и Прилеп, а по еден во Битола и Свети Николе.

Четири лица, по едно во Кичево, Маврови Анови, Скопје и Кочани, биле фатени како управуваат возило иако имале активна забрана за управување.

— реклама —

Во Скопје, едно лице било лишено од слобода затоа што управувало возило под дејство на алкохол. Во Прилеп, пак, бил приведен возач кој управувал и под дејство на алкохол и покрај активната забрана за возење.

— реклама —

Дополнително, во Кавадарци било приведено лице кое управувало возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Воедно, Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без возачка дозвола, со активна забрана или под дејство на алкохол.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylfhsascnika0cnle4Ie

Пронајдени марихуана, кокаин и оружје при полициски акции во неколку градови

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-library34tm5r8982b29rSssfM

Охриѓанка пријавена за одземање дете, не ја вратила малолетната ќерка на сопругот

Македонија | пред 19 часа

media-library2ftfop54e8lhdjZu9ue

Двајца возачи приведени за безобѕирно управување, едниот возел без дозвола, другиот пијан

Македонија | пред 19 часа

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања