Промени тема
Контакт

Приведени 6 лица во угостителски објект во Жеровјане, пронајдено оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
lisici

Ноќва (25.06.2021) во периодот од 01.30 часот до 05.00 часот полициски службеници од СВР Тетово, при контрола во угостителски објект во тетовско Жеровјане, сопственост на А.А.(30) од тетовско Боговиње, затекнале 12 лица, од кои 7 од Србија, 2 од Русија, 1 од БиХ и 2 од нашата земја, како и 41 лице - гости во објектот. Во објектот биле пронајдени четири безбол палки, а близина на објектот биле пронајдени две парчиња огнено оружје „Шкорпион аграм 2000“, со рамка со два куршуми калибар 9мм и револвер со муниција.

— реклама —

Сопственикот на објектот А.А. е лишен од слобода, а приведена е Е.З.(27) од Босна и Херцеговина, поради злоупотреба на туристичкиот престој, како и Б.А.(24) од скопски Сарај и Т.И.(21) од гостиварска Долна Бањица, кај кои биле пронајдени ножеви, додека А.Х.(23) од Германија и Џ.Л.(39) од тетовско Горно Палчиште непоседувале документи за идентификација.

— реклама —

По целосно документирање на случајот, против сопственикот на објектот и другите приведени ќе следуваат законски предвидените поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања