Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Приведени четворица крадци, извршиле 33 тешки кражби и оштетувајќи ја инсталацијата на Телеком и Железници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
krazba-kradenje

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево на 04.07.2021 ги лишија од слобода С.Д.(29), Ф.А.(36), Е.З.(49) и С.Д.(26), поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривично дело „тешка кражба“, со што се расчистени 16 кривични дела, а се работи на документирање на уште 17 кривични дела, за кои исто така ќе има соодветни поднесоци, односно вкупно 33 кривични дела.

Кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, меѓу кои електро мотори, кабли и метални делови, кои се во сопственост на Железници на Република Северна Македонија и Македонски телеком. Со лицата е извршен службен разговор, при што тие го појасниле начинот на извршување на делата, посочувајќи ги деталите и точните локации (ул.„Бојмија“, ул.„Владимир Комаров“, бул. „Јане Сандански“ и „Трета македонска бригада“), на кои во период од 12.05. до 01.07.2021 ги направиле делата, оштетувајќи ја инсталацијата на Македонски телеком, преку оштетување н а шахтите и сечење и крадење на бакарни кабли, притоа предизвикувајќи прекин на интернет, ТВ и телекомуникации.

— реклама —

Од страна на Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево против лицата ќе следуваат соодветни кривични пријави.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања