Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Приведени двајца 14-годишни малолетници за пријавување лажни бомби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6897

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе известување, врз основа на кое двајца 14-годишни малолетници од Скопје, ќе бидат пријавени за случајот со праќање лажни закани за бомби во училишта.

— реклама —

-Имено, пријавените малолетни лица на 19.02.2025, од мобилниот телефон на едниот малолетник испратиле имејл со заканувачка содржина за поставена бомба во две училишта (едно основно и едно средно) во Скопје. Исто така, на 21.02.2025 од мобилниот телефон на другиот малолетник испратиле имејл со заканувачка содржина за поставена бомба за поставена бомба во две училишта ( едно основно и едно средно) во Скопје, велат од МВР.

— реклама —

Од страна на Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при СБПТНЕР во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал извршена е антитерористичка проверка на сите училишта кои што добиле порака, но не се пронајдени експлозивни направи и е утврдено дека се работи за лажно пријавување за поставени експлозивни направи.

— реклама —

-По преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал, утврдено е IMEI-то на мобилниот уред користен од страна на корисничкиот имејл од каде се пратени пораките, кое IMEI било поврзано до услугите на GOOGLE на 21.02.2025 од IP адреса од телекомуникациски оператор од Република Северна Македонија. По извршени дополнителни проверки од страна на СБПТНЕР, утврден е идентитетот на инволвираните малолетни лица, при што на 25.02.2025 во ПСОН Чаир тие се повикани и во присуство на родител, инспектор за малолетничка деликвенција од СВР Скопје и адвокат, извршен е разговор во кој го признаа и појаснија начинот на извршување на делото, велат од МВР.

По извршениот службен разговор, со цел обезбедување на докази, со потврда за привремено одземени предмети од нивните родители се одземени два мобилни телефони со СИМ картички, кои ги користеле пријавените малолетни лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања