„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Приведени две лица од Скопје – собрале 750.000 денари тврдејќи дека парите се за изборната кампања на една политичка партија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
lisici

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Б.Н.(37) и Т.П.(58), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“. Првопријавениот Б.Н., во договор со второпријавениот Т.П., во април и мај 2019 година, во неколку наврати побарале и примиле парични средства во вкупен износ од 750.000 денари од раководно лице во приватна фирма. Тие го измамиле односно лажно го информирале дека паричните средства кои ги побарале ќе бидат искористени како донација за финансирање на изборната кампања на една политичка партија за претседателските избори 2019 година.

— реклама —

Второпријавениот на овој начин од оштетениот побарал и примил парични средства во износ од 200.000 денари. Тој се претставил лажно, како портпарол на политичката партија. После тоа, пријавените во два наврати побарале и примиле парични средства од оштетениот, во вкупен износ од 550.000 денари, наводно за финансирање на тековните трошоци на изборната кампања на политичката партија.

По добивање на пријавата, СВР-Скопје презеде соодветни мерки и со претходно издадена судска наредба извршен е претрес на дом, лице и на превозно средство заради пронаоѓање на траги и предмети при што одземени се предмети како доказ во кривичната постапка. По завршувањето на претресот, пријавените се лишени од слобода.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања