Промени тема
Контакт

Приведени Јанакиевски, државен правобранител, нотари, бизнисмени, вработени во Катастар, неофицијално поради продажба на државно земјиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

mile-janakieski

Десетина лица, меѓу кои и поранешниот министер за трансорт Миле Јанакиески утрово се приведени во акција на оддделот за организиран криминал при МВР и Обвинителството за организиран криминал, пренесува Телма.

Полицијата утрово го привела и Димитар Димовски член на Извршен Комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски – Претседател на Општинскиот Комитет во Аеродром.

— реклама —
— реклама —

Неофицијално станува збор за истрага за оттуѓување, односно продажба на државно земјиште, по несоодветна постапка, со што буџетот е оштетен за над 2,5 милиони евра. Откриените нелегалности се однесуваат на три парцели за хотелски комплекс покрај Вардар од другата страна на градскиот парк во Скопје. Проневера е извршена и со парцелата на која требаше да се градат шпанските скали во центарот на Скопје. Еден осомничен досега не е најден и приведен, а останатите во моментов се во суд.

— реклама —

Меѓу уапсените, покрај државните службеници од транспорт, вработени во катастар и нотари, има и еден сопственик на фирма, како и државен правобранител со надлежност за град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања