Приведени крадци од струмичко

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Струмица, на 09. и 10.10.2020, по претходни оперативни сознанија, во с.Иловица, струмичко, од слобода лиши три лица поради сомнение дека извршиле повеќе тешки кражби во куќи на подрачјето на Струмица и околните села. Во СВР Струмица биле приведени Ш.М.(32), С.М.(18), двајцата од село Иловица и 17 – годишен малолетник од с.Свидовица. Во врска со кражбите, на разговор во СВР Струмица бил повикан и Ш.М.(18 ) од с.Иловица.

— реклама —

Расчистени се тешки кражби кои ги извршиле во куќи во с.Колешино и с.Куклиш и пронајдени се и одземени повеќе предмети кои им припаѓаат на оштетените. Исто така, извршено е и препознавање на Ш.М.(32) од страна на оштетените.

По целосно документирање и расчистување на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања