Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Приведени пет лица, фатени во момент на купопродажба на марихуана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-librarya2r94nrt928c4KqhVzZ

На 17.02.2026, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода пет лица во Радовиш и радовишко, поради постоење основи на сомнение за купопродажба и поседување на марихуана.

— реклама —

Во село Бучим, радовишко, во 21:55 часот беа приведени Е.С.(36) од Бучим и М.Р.(29) и Б.У.(24), двајцата од Радовиш. Лицата биле затекнати во паркирано возило „Форд“ во момент на купопродажба на марихуана. При пристап на полицијата, Е.С. фрлил повеќе пакувања со марихуана, кои биле пронајдени и одземени. М.Р. и Б.У. признале дека купувале марихуана од Е.С.

— реклама —
— реклама —

Истиот ден, во 19:20 часот на влез во Радовиш, полицијата лишила од слобода и Ј.А.(24) и М.У.(28), двајцата од Радовиш, при што при преглед во такси возило била пронајдена марихуана. Тие признале дека наркотикот го купиле од Е.С.

— реклама —

По целосно документирање, против сите пет лица ќе бидат поднесени соодветни пријави, а за случаите е известен јавен обвинител.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7dk9hfnjg8siaW5YfEh

Полицијата приведе три лица за семејни закани во Битола и Прилеп

Македонија | пред 42 минути

— реклама —
tepacka1

Ја нападнал сопругата во семејниот дом, приведен 68-годишник во Гостивар

Македонија | пред 1 час

media-libraryl7k68rbupcp637ii1Cg

Го запалил автомобилот на мајка му, па се заканувал дека ќе го запали и домот – приведен 28-годишник

Македонија | пред 2 часа

media-library3at20tg46e7gdupC9t6

Се зближуваат со малолетници преку интернет, претставувајќи се како врсници, а потоа ги уценуваат и принудуваат на самоповредување: МВР предупредува за групата „764“

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања