Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Приведени пет странски работници во демиркаписко

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
uapsen

На 04.06.2024 во 12.30 часот, полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Југ во содејство со Државен инспектор за труд извршиле контрола на градилиште над с.Дрен, демиркаписко.

При контролата, на градилиштето биле затекнати С.В.(47), А.Х.(33) и А.Р.(60), сите од Република Турција, при што било констатирано дека престојуваат спротивно на целта, односно биле работно ангажирани за фирма од Скопје без да имаат одобрение за престој врз основа на вработување. Поради сомнение за сторен прекршок по член 217 став 1 од Закон за странци лицата биле приведени во Полициската станица за граничен надзор Михајлово.

— реклама —
— реклама —

Подоцна, во 12.45 часот на земјен пат од с.Дрен кон истото градилиште, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово извршиле контрола на патничко возило „дачиа дастер" со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ц.(34), а сопатник бил М.З.(28), двајцата од Народна Република Кина. Притоа, било констатирано дека двајцата немаат пријавено престој во државата, односно постапиле спротивно на член 190 став 3 од Законот за странци.

— реклама —

Тие, исто така, биле приведени во Полициската станица за граничен надзор Михајлово. Против турските и кинеските државјани е поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка, а од Основен суд Неготино изречени им се глоби од по 200 евра и мерка за доброволно враќање во рок од седум дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfr753o7pd8q4b9MJmtF

Физички нападнале жена, па ѝ го оштетиле и автомобилот – двајца приведени

Македонија | пред 43 минути

ubistvo

68-годишен маж пронајден мртов со прострелна рана во нива кај Беровци, пронајдена и ловечка пушка

Македонија | пред 45 минути

media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

Зел 15.000 евра од две лица со ветување дека ќе им „среди“ стаж за пензија

Македонија | пред 54 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања