Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Приведени полицајци, откако ВМРО-ДПМНЕ објави записници со кои докажуваше рекет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

Полицијата изврши претреси кај тројца службеници на Министерството за внатрешни работи, поради сомнение дека оддале службена тајна, односно документи кои се дел од истрага.

Станува збор за документите кои минатата недела на брифинг со новинарите ги објави ВМРО-ДПМНЕ, а се дел од афера во РЕК-Битола за која партијата тврдеше дека се правени злоупотреби, односно дека е баран рекет.

— реклама —

Министерството за внатрешни работи и обвинителот кој побарал претреси, се сомневаат дека овие тројца полициски службеници, документите кои се дел од тајна истрага ги направиле јавни, а со тоа и наштетиле на истрагата. Службениците не се приведени, а со нив е извршен службен разговор.

— реклама —

„По наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје за претрес на работните места, домови и превозни средства кај тројца полициски службеници, поради сомнение за сторени кривични дела „оддавање службена тајна“ по член 360, „злоупотреба на државна, службена или воена тајна“ по член 360а и „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ. Извршени се и службени разговори со полициските службеници и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот“, велат од МВР.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања