Промени тема
Контакт

Приведени тројца криминалци од Дојран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
uapsen

На 25.11.2021 во 06.10 и 08.10 часот во Стар и Нов Дојран, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско одделение Нов Дојран ги лишиле од слобода Д.Р.(43) и Е.И.(27), двајцата од Стар Дојран и Т.А.(56) од Нов Дојран.

При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени дрога и други предмети кои потекнуваат од кривични дела.

— реклама —

Имено, при претрес во домот на Д.Р. биле пронајдени и одземени марихуана, предмети со остатоци од прашкаста материја, пари и други предмети кои потекнуваат од сторени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ извршени на подрачјето на општина Дојран.

— реклама —

Во домот на Е.И. биле пронајдени и одземени марихуана, пари и предмети кои потекнуваат од сторени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“, извршени на подрачје на општина Дојран.

Додека, при претресот во домот на Т.А. биле пронајдени марихуана и стебла од растението канабис.

— реклама —

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања