„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Привремен сообраќаен режим на дел од булеварот „Илинден“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Од 7:30 до 11 часот утре ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот „Илинден“, на потегот од крстосницата со улицата „Аминта III“ (фонтана „Лотус“) и улицата „Љубљанска“ (ТЦ „Скопје сити мол“). Сообраќај ќе биде пренасочен по околните улици.

— реклама —

Град Скопје информира дека привремениот сообраќаен режим е поради одржувањето на трката „Скопје трча 10 КМ – 2018“.

Возилата од јавниот градски превоз кои ја опслужуваат линијата 8, ќе бидат пренасочени по булеварот „Св. Климент Охридски“, а потоа по булеварот „Партизански одреди“. Возилата кои ја опслужуваат линијата со бр. 15А, ќе бидат пренасочени по булеварот „Партизански одреди“.

— реклама —

Автобусите од линиите 15, 15А и 19, а кои го опслужуваат терминалот на улица „Љубљанска“ ќе бидат пренасочени на терминалот на улица „Манапо“. Автобусите од автобуските линии 15, 15А, 19, 7 и 59 кои ќе го користат терминалот на улица „Манапо“ ќе продолжат по улица „Карпошово востание“, улица „Бледски договор“ и потоа ќе продолжат по булеварот „Партизански одреди“.

– Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, се вели во соопштението од Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања